in

Секое второ мало дете поминува премногу време пред екраните

БЕРЛИН – Половина од децата на возраст од четири до шест години поминуваат повеќе од половина час пред телевизор, лаптоп или други дигитални уреди во работните денови, а дури 77 проценти за време на викендите, покажува студијата на Здружението АОК презентирана денеска во Берлин.

„Прекумерното и неправилно консумирање медиуми може да има штетно влијание врз здравјето на децата, особено ако ги натера да се движат помалку“, предупреди Карола Рајман, претседател на здружението АОК, пишува Frankfurter Allgemeine.

Според експертите, секојдневното користење на електронски уреди од страна на деца од четири до шест години не треба да надминува половина час.

Ако децата консумираат содржина несоодветна за возраста без надзор, тоа може да предизвика и страв кај нив.

Според студијата, родителите повеќе не го ограничуваат времето на своите деца пред екранот колку што беше пред четири години, кога 86 отсто од родителите изјавија дека поставуваат ограничувања за користење медиуми за деца до 14 години и во 2022 година тој број беше само 76 отсто.

За семејната студија на АОК биле интервјуирани 8.500 родители на деца на возраст од 4 до 14 години, пренесува Танјуг.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Кои се најчестите повреди за време на секс?

Дали знаевте? Жените би ги пробале овие „жешки“ секс сцени од филмови со своите партнери