in

Снуп Дог ангажира дегустатор за сладолед со плата од 10.000 долари месечно

Снуп Дог огласува за позиција дегустатор на сладолед во својот бренд „Dr. Bombay“!

Замислете работа во која работната задача е да пробувате сладолед и да бидете во тек со најновите светски трендови за плата од 10.000 долари месечно. Снуп Дог бара кандидат кој ќе стане првиот официјален меѓународен дегустатор на сладолед.

Позицијата е отворена за кандидати од целиот свет и работата ќе се извршува целосно на далечина, иако се очекуваат редовни виртуелни состаноци и некои патувања.

Вработувањето е за период од три месеци, со вкупен приход од 30.000 долари. Меѓутоа, работната задача не се состои само од консумирање сладолед – идниот дегустатор ќе треба да следи глобалните трендови во храната, да истражува нови комбинации и десерти, да ги известува за популарните производи на различни пазари и да предлага иновации за нови вкусови.

Исто така, кандидатот ќе создава содржина за социјалните мрежи и ќе учествува во развојот на маркетиншките кампањи на „Dr. Bombay“, а неговото мислење може да влијае на идните хит-вкусови на брендот.

За оваа позиција не се бара формално кулинарско образование, но кандидатот треба да биде љубопитен, комуникативен и авантуристички настроен, со добри познавања на храната и културата, како и вештини во социјалните мрежи. Задолжително е да знае англиски и да поседува валиден пасош.

Пријавувањето е глобално, а официјалната интернет страница потврдува дека работата е вистинска платена позиција во соработка со Снуп Дог и брендот „Dr. Bombay“. За сите кои имаат желба да патуваат, пробуваат сладолед и добри earnings, ова е една од најнеобичните работни можности во годината.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Татјана Јанушева влезе во брак со Давид по долгогодишна врска!