in

Странските возачи ќе можат полесно да ги плаќаат казните за сообраќајни прекршоци во Македонија

Странските државјани кои преку своите возила направиле сообраќаен прекршок во Северна Македонија добиваат нова и поедноставна опција за проверка и плаќање на глобите.

Министерството за внатрешни работи воведе веб-апликација која им овозможува на сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички да проверат дали имаат активни казни и да ги платат без потреба од посета на институции.

Апликацијата, достапна преку мобилни уреди, дигитализираше целокупниот процес, овозможувајќи им на странските возачи да завршат сите потребни чекори online.

Ова решение е интегрирано со системот „Безбеден град“, кој ја регистрира евиденцијата на сообраќајните прекршоци, вклучително и оние направени од возила со странски ознаки. На тој начин, возачите можат навремено да добијат информации за прекршокот, да видат колкава е глобата и електронски да ја извршат уплатата.

Овој новитет е особено важен за странските возачи кои транзитираат низ Македонија, бидејќи им овозможува побрзо и ефективно решавање на случаи на сообраќајни казни.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Маж предизвикал експлозија додека се обидувал да убие мува со електрична палка