in

Маж предизвикал експлозија додека се обидувал да убие мува со електрична палка

Во септември 2020 година во селото Парку-Шено во регионот Дордоња во Франција, 80-годишен маж предизвикал инцидент при обидот да се ослободи од мува. Настанот се случил кога тој реши да ја користи електричната палка за инсекти додека подготвуваше вечерја.

Во моментот кога го бркал инсектот, мажот не бил свесен дека во домот има истечен гас од плинската боца. Контактот на електричната палка со гасот предизвикал искра, што довело до експлозија.

Последиците биле катастрофални – кујната била уништена, покривот оштетен, а дел од таванот се урнал. За среќа, мажот минал со помалку сериозна повреда – само изгореница на раката, по што бил пренесен на преглед во болница во Либурн.

После инцидентот, тој не можел да се врати дома и бил принуден да се смести во локален камп до завршувањето на поправките. Според информациите, инцидентот се случил на 4 септември 2020 година, околу 19:45 часот, а и покрај сè, останало неодговорено дали мажот успеал да ја улови мувата.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Барби ѝ оддава почит на Мерилин Монро: Новата кукла е инспирирана од нејзиниот филмски изглед!