in

Барби ѝ оддава почит на Мерилин Монро: Новата кукла е инспирирана од нејзиниот филмски изглед!

По повод стогодишнината од раѓањето на Мерилин Монро, Mattel ја претстави специјалната Barbie Signature кукла, инспирирана од една од нејзиниите најпознати улоги и модни изданија.

Оваа колекционерска кукла е создадена со тематика од легендарната сцена со песната „Diamonds Are a Girl’s Best Friend“ од филмот „Мажите повеќе ги сакаат русокосите“ од 1953 година.

Барби е облечена во розов сатенски фустан со голема машна, долги ракавици и впечатлив накит, инспириран од дијаманти, кој ја отелотворува естетиката на златната ера на Холивуд.

Дизајнот е направен во соработка со The Estate of Marilyn Monroe LLC, организација која го чува и промовира наследството на актерката, со цел да се долови духот на нејзиниот иконски изглед.

Мерилин Монро, родена на 1 јуни 1926 година и покината во 1962 година на 36-годишна возраст, останува една од најдоминантните личности во историјата на филмот и популарната култура, и по шести децении од нејзината смрт.

Новата Barbie стана достапна за продажба на 18 август 2026 година, а цената на овој колекционерски модел изнесува 81 долар.

Ова не е првпат Mattel да му оддаде почит на Мерилин; компањијата предходно изработуваше кукли инспирирани од нејзините најпознати улоги и модни моменти, но ова ново издание е дел од одбележувањето на нејзиниот стогодишен јубилеј.

Со препознатливиот розов фустан, големата машна и блескавиот накит, новата Barbie повторно потврдува дека стилот на Мерилин Монро продолжува да инспирира модата и забавната индустрија и во современото време.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Белка и Стрелка во вселената: Приказна за првите кучета во орбита!