На 19 август 1960 година, Советскиот Сојуз ја започна мисијата „Спутник 5“, која ќе се запамети во историјата на космичките истражувања. Во леталото се наоѓаа две кучиња, Белка и Стрелка, кои станаа првите живи суштества што успешно отишле во орбита и се вратиле здрави на Земјата.
Ова патување не претставуваше само тест за животните, туку и значен чекор кон идните човечки вселенски мисии. Научниците сакаа да откријат како живите организми реагираат на бестежинската состојба, забрзувањето и условите во вселената.
Белка и Стрелка не летале сами. Со нив беа сив зајак, 40 глувци, два стаора, муви, растенија и разни биолошки материјали. Некои извори споменуваат 42 глувци, во зависност од бројот на биолошкиот товар.
Летот траеше повеќе од еден ден, а леталото направи 17 орбитални кругови околу Земјата пред да се врати. На 20 август 1960 година, капсулата успешно слета, а Белка и Стрелка беа извлечени во живи.
Оваа историска мисија им обезбеди на советските научници значајни информации и потврда дека човек може безбедно да биде испратен во орбита. Помалку од една година подоцна, во април 1961 година, Јуриј Гагарин стана првиот човек што полета во вселената.
Стрелка продолжи да живее по овој значаен лет и доби шест кученца, едно од нив, Пушинка, му беше подарено на тогашниот американски претседател Џон Кенеди од советскиот лидер Никита Хрушчов.
Белка и Стрелка денес се симбол на едно од најзначајните поглавја во раната историја на вселенските истражувања – мисијата во која овие мали четириножни патници помогнаа да се отвори патот кон човечкото освојување на вселената.

