Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, некои региони ќе бидат подложни на нестабилност, што може да резултира со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, се очекува сончево и топло време со слична облачност. Попладне, во делови од Скопската Котлина, постои можност за локална нестабилност, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневните температури во следните денови ќе се движат меѓу 29 и 38 степени Целзиусови, а утринските температури ќе бидат во границите од 11 до 18 степени.

