На италијанскиот вулкан Етна се случи трагедија, при што 30-годишен американски турист загина откако беше погоден од гром за време на силно невреме. Несреќата се случи во неделата вечер, кога се разви моќна грмотевична бура.
Според информации од италијанската новинска агенција АНСА, туристот се наоѓал на повисоките делини на Етна, во дел од планината со ограничен пристап. Спасувачките екипи го пронајдоа во тешка состојба околу 20 часот и веднаш организираа хеликоптерски транспорт до болницата „Каницаро“ во Катанија. За жал, тој не успеа да преживее и беше прогласен за мртов по пристигнувањето.
Се известува дека туристот се движел во подрачје со ограничен пристап поради зголемената вулканска активност. Неговото присуство над линијата на дрвјата го зголемило ризикот за време на ненадејното невреме.
Во последно време, Етна повторно е во центарот на вниманието поради активните ерупции, кои доведоа до ограничување на пристапот за дел од вулканот. Пепелот кој за влезе во воздухот предизвика проблеми во воздушниот сообраќај над источна Сицилија, со откажувања на летови од аеродромот во Катанија. Италијанските власти исто така предупредуваат на опасностите од вулканска активност и нагли временски промени, кои можат да имаат сериозни последици за посетителите.
Етна е еден од најактивните вулкани во Европа, годишно привлекува околу 1,5 милиони туристи, но оваа трагедија укажува на ризиците од потценување на условите на планината, особено во тешки временски услови.


