in

Туристичка кула во Англија со необичен историјат

Во селото Торпнес во Обединетото Кралство има необична градба стара 100 години, позната како „куќа во облаците“. Иако изгледа како обична куќичка, се работи за водна кула, изградена 1923 година, која излегла од употреба…

Оваа куќа во источна Англија крие богата историја, а делумно е уништена за време на Втората светска војна. По реновирањето, капацитетот на водната кула бил 30.000 литри наместо првичните 50.000 литри. Во 1977. селото било поврзано со современа водоводна мрежа, па првобитната намена на објектот станала минато. А, бидејќи мештаните не сакале да ја уништат естетиката на селото, решиле да ја задржат кулата и да ја претвориле во куќа-знаменитост за посетителите.

Необичното здание така стана туристичка атракција. Куќата сега содржи вкупно пет спални соби, достапни за изнајмување, како и соба за детски игри, дневна, кујна, трпезарија и трем со поглед којшто, според многумина, го одзема здивот.

Како викендичка за одмор, кулата е резервирана неколку месеци однапред.  

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Јадете ја оваа храна пред спиење и ќе ви овозможи поефикасен сон

Придобивките од спиењето со маска за очи: Тоа е подлабок сон, ги намалува брчките и ја ублажува главоболката