in

Уша Венс за малку ќе паднеше со бебето!

Посетата на семејството Ванс на воената база „Joint Base Andrews“ во Мериленд имаше напнат момент, кога Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Ванс, накратко ја загуби рамнотежата додека се симнуваше од хеликоптер.

Уша носеше деветнеделен син на себе во носилка, и при спуштањето по скалите изгледа дека промашила чекор и ненадејно се заниша напред. За среќа, успеа да се фати за оградата и да ја врати рамнотежата, проверувајќи го бебето пред да продолжи.

На видеото се забележуваат припадници на военото обезбедување блиску до неа, но никој од нив не тргна за помош во моментот кога Уша се сопнува. Ова предизвика многу реакции на социјалните мрежи, каде корисниците се прашуваа зошто никој не реагираше.

Иако не можеше да се утврди причината за тоа, краткиот момент со Уша брзо се прошири на интернет, особено поради незгодната ситуација со бебето, иако луѓето околу неа останале мирни. Потоа следеше и Џеј-Ди Ванс, носејќи ја нивната четиригодишна ќерка, Мирабел, пред семејството да продолжи на летот за Алјаска.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Пасторот Калеб Флин осуден на доживотен затвор за убиство на сопругата Ешли