По три успешни концерти во Арена, Весна Змијанац ќе одржи голем настап во Скопје како дел од нејзината “Golden Tour – 50 години кариера”.
Првично планираниот концерт во арената “Јане Сандански” беше преместен во “Борис Трајковски” поради големиот интерес од публиката. Датумот останува 28 ноември, а посетителите кои веќе купиле билети за првичната локација можат да бидат спокојни бидејќи тие остануваат важечки и за новата локација.
Весна, со пет децении зад себе и многу хитови на репертоарот, ќе донесе музички спектакл исполнет со емоции и познатите песни од нејзината богата кариера. За сите оние кои сè уште немаат билет, можат да набават преку Kupikarta.com.

