Замислете ситуација во која се поклонува на елен, а тој возвраќа со истото. Овие уникатни моменти се чести во Нара, Јапонија, каде елените слободно се движат по парковите и веќе долго време привлекуваат голем број посетители.
Некои од елените дури научиле да ја наведнуваат главата како одговор на поклонувањето на туристите, особено кога очекуваат специјални крекери што се наменети за нив. Овие животни имаат важно место во историјата на Нара, бидејки според локалното предание, се сметаат за гласници на божествата, што ги прави незаменлив дел од духовната и културната традиција на градот.
Иако се навикнати на луѓето и често се приближуваат до посетителите, важно е да се запамети дека станува збор за диви животни. Туристите се советуваат да го почитуваат нивниот простор и да ги следат правилата на паркот.
Сцената во која една личност се поклонува, а еленот возвраќа, недвосмислено е една од најнеобичните и најдобрите глетки што може да се искусат во Јапонија.


