Дел од младите во Кина, наместо да се занимаваат со традиционални домашни миленици како мачки и кучиња, избираат да ‘одгледуваат’ обични градежни цигли. Овој необичен тренд стана популарен на кинеските социјални мрежи, каде младите споделуваат фотографии од своите ‘миленици’.
Тие ги именуваат циглите, ги поставуваат на посебни места во домовите и редовно ги прскаат со вода за да промовираат растење на мов на нивната површина. Целта е во текот на времето циглата да добие зелена обвивка и да изгледа како мало природно растение. За сопствениците, набљудувањето на промените и грижата за циглата представуваат значаен дел од ова необично хоби.
Популарноста на овој тренд делумно се должи на едноставноста; циглите не бараат храна, прошетки, ветеринарски прегледи ниту посебни трошоци. Доволно е само повремено да се навлажнуваат и да се остават во соодветни услови.
Овој феномен е поврзан и со животната филозофија наречена ‘лежерен живот’, која поддржува откажување од постојаните притисоци за успех и потребата од големи достигнувања во секојдневието. За некои млади, грижата за циглата е мал ритуал што им носи смиреност и задоволство.
Иако оваа пракса звучи безопасно, постојаното навлажнување може да доведе до развој на мувла и појава на спори, па е потребна претпазливост.


