Вирално видео снимено минатиот октомври на плажата во градот Мартиг во Франција повторно кружи на СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ. На видеото се гледа како бремена жена излегува од морето, а за нејзиниот стомак е прикачен мал октопод.
„Мојата девојка пливаше, а кога излезе од морето видовме дека за нејзиниот стомак се залепи мал октопод. Бев во целосен шок“, напишал авторот на видеото.
Оттогаш видеото собра речиси 300 милиони прегледи и 4,8 милиони лајкови, а необичната сцена се коментира и денес.
„Октоподот си најде нов пријател“, „Само сакаше да го почувствува бебето“, „Колку слатко“, се дел од коментарите.



GIPHY App Key not set. Please check settings