in

Почина актерот Бенџи Грегори (46)

Почина Бенџи Грегори, актерот најпознат по улогата во серијата Алф, пренесува TMZ. Имаше 46 години.

Тој бил пронајден мртов во својот автомобил на паркинг на банка во Аризона. Се претпоставува дека тој заспал во автомобилот и починал од топлотен удар. Имено, тие денови додека актерот престојувал во Аризона била измерена околу 42°C. Во возилото со актерот било пронајдено и неговото куче Ханс, кое исто така починало. Причината за смртта на актерот се уште се истражува.

Постарата сестра на актерот Ребека изјави за ТМЗ дека Бенџи се борел со депресија и биполарно растројство и дека страдал од несоница. Поради ова, вели, со денови бил буден.

Се прослави со улогата во Алфа

Бенџи Грегори го играше момчето Брајан Танер во серијата Алф од 1986 до 1990 година. По Алф, тој глумеше во три телевизиски филмови и ја заврши својата актерска кариера со изразување на кртот Едгар во цртаниот филм „Беше еднаш шумата“. Во меѓувреме, Бен дипломирал на Уметничката академија во Сан Франциско.

Серијата Алф се емитуваше од 1986 до 1990 година, со една специјална епизода емитувана во 2004 година. Во серијата доминира саркастичниот хумор на Алф, а тој живее со семејството Танер. Со оглед на тоа што е вонземјанин, цело време е во куќата па прави голема штета на семејството, но тие сепак го сакаат.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ВИДЕО Бремена жена пливала во морето и почувствувала нешто лигаво на стомакот

Жена на плажа сведок на грда ситуација: „Ваквите родители треба да се забранат со закон“