in

Вил Смит најави враќање на култната комедија Bad Boys

Американскиот актер Вил Смит на Инстаграм објави видео во кое заедно со својот колега Мартин Лоренс го најавува снимањето на четвртиот дел од добро познатата комедија Bad Boys.

Новиот филм требаше да почне да се снима, но се беше одложено поради инцидентот на минатогодишното доделување на Оскарите , кога Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок пред камерите затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит .

Сепак, работите досега се смириле, а наводите на Смит ги потврди и Sony Pictures , кој објави дека новото продолжение е во претпродукција.

Смит и Мартин Лоренс на снимката се договориле новото продолжение да се вика „ Лоши момчиња: за живот“ , но брзо сфатиле дека ова е името на третиот дел, па наместо зборот „за“ рекле дека насловот треба да го прочита бројот четири.

Ова ќе биде втор голем филм на Смит по инцидентот на Оскарите и неговата забрана да се појавува на Оскарите во следните десет години.

Во меѓувреме, тој ја снимал историската драма Еманципација , во која глуми афроамерикански роб во бегство.

 

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Тојота е најголемиот производител на автомобили во светот

Измешала три производи и направила сјај за усни, резултатот – фантастичен (ВИДЕО)