Експертите анкетирале околу 6.400 деца на возраст меѓу 6 и 12 години за пијалоците што ги пијат. Тие се фокусираа на пијалоците засладени со шеќер и количините што ги пиеле и ги споредија нивните одговори со перформансите на тестовите за извршната функција. Поголемата потрошувачка на овие пијалоци беше поврзана со послаби резултати.
Тестовите ги мереле когнитивните вештини како што се работната меморија и организациски вештини, но вклучиле и како децата можат да ги контролираат своите емоции и однесување.
„Ова е одличен потсетник за родителите дека газираните пијалоци, енергетските пијалоци и сокови не треба да бидат примарни пијалоци што се нудат дома и достапни за децата. Водата треба да биде примарна и може да се надополнува со бобинки, агруми или дури и краставица за да се добие поатрактивен вкус“, вели нутриционистот.
Ако сепак сакате да му дадете на вашето дете нешто послатко, нутриционистот препорачува да го делите чистиот овошен сок така што 70 отсто да биде вода, 30 отсто сок или да се одлучат за домашно смути со свежо овошје и зеленчук.
Истражувањата исто така покажаа дека премногу пиење газиран пијалок во детството може да има ефект и врз мозокот на децата подоцна во животот, со што ќе ја наруши нивната меморија во зрелоста.



GIPHY App Key not set. Please check settings