Можеби изгледаат кул во филмовите, но во реалноста прават повеќе штета отколку корист. Кога барате нови луди места за водење љубов, префрлете го ова од вашата листа.
Вие сте авантуристи и понекогаш сакате да водите љубов на отворено (се разбира, не во овој период од годината), но сепак треба да ги прескокнете овие потенцијално опасни места за експериментирање.
Во автомобил кој е во движење
Иако причините се сосема јасни, нудиме и пар издржани аргументи – неколку испитаници признале дека за време на водење љубов во автомобил возеле пребрзо, извртеле на патот, а 11 отсто од нив признале дека немаат контрола над воланот. Паркирајте го автомобилот – ќе биде исто толку возбудливо и нема да читате за тоа во весниците.
Во базенот
Некако изгледа дека водењето љубов во базен е незаменлив дел од секој романтичен филм, но експертите тврдат дека би можеле да заболите од сексуално пренослива инфекција, предизвикана од промена на pH вредноста на вашиот интимен дел поради количината на хлор во базенот. Веќе не е толку привлечно, нели?
Во морето
„Морето нема хлор“ сигурно ќе ви падне на памет. Сепак, мораме да ве предупредиме за мноштвото други бактерии и паразити кои ги има морето токму поради тоа што нема хлор, како и за прилично непријатното чувство на печење ако се земе предвид фактот дека морето е солено.
На балконот
Балконите се прекрасни, глетката е прекрасна, фактот дека сте на одредена височина и што го вклучувате адреналинот во вашата еротска сензација изгледа примамливо, но еве ја тажната вистина – има голем број луѓе кои починале на тој начин.
Во песокот
Ах тие филмови. Страсни прегратки додека се тркалате во песокот на плажа, а брановите се удираат во вас… Факт е дека песокот има чудна природа и некако секогаш успева да влезе во секој дел од нашето тело и таму останува со денови.
Во јавен тоалет
Постојат најмалку пет различни инфекции кои ви се смешкаат доколку се одлучите да одите на оваа дестинација, а ние веднаш ќе ви кажеме дека не се пријатни и предизвикуваат повраќање и дијареа. Убеден? Се надеваме.



GIPHY App Key not set. Please check settings