Емотивната сцена од море привлекла внимание на јавноста. Жена објавила видео на социјалните мрежи каде што се обидува да му помогне на повреден делфин.
Таа раскажала дека со пријателка биле на брод и забележале дека делфинот е повреден, додека околу него се наоѓале ремори, риби кои се прикрепуваат на поголеми морски животни. Според неа, овие риби му предизвикувале дополнителна болка, хранувајќи се околу раната.
„Вистински дојде до нас и побара помош. Сфати што обидуваме да направиме и ни дозволи да и помогнеме“, напиша жената.
Таа внимателно се обидела да ги отстрани реморите, додека останатите делфини од групата ги набљудувале. Според нејзиното сведоштво, многу делфини останале на близина, а откако повредениот се ослободил, групата продолжила да плива околу нив.
Необичен момент за жената бил и тоа што во тој период била во седмата недела од бременоста. Таа напомена дека таквото искуство со диви делфини во таков момент ќе го памети цел живот.
Жената истакна дека генерално не препорачува допирање на диви животни, но смета дека оваа ситуација била исклучок. Како океански водич, се потпира на своето знаење и на локалниот капетан, кој добро ги познава водите.
Капетанот потврдил дека реморите требало да се отстранат, бидејќи му предизвикувале дополнителна болка. Жената изразила загриженост бидејќи делфинот крвавел и имал силни грчеви, поради што не можела да го остави без помош.
„Не би можела да заминам знаејќи дека јасно побараше помош“, напиша таа.
Видеото предизвика големи реакции на социјалните мрежи, а сцената со повредениот делфин и неговата група привлече многу внимание. Жената признава дека ситуацијата била хаотична и денес би направила поинаку со реморите, но истакнува дека не жали за својата одлука да му помогне на делфинот.


