in

Млади македонски информатичари со успешен настап во Тирана: Сребро и бронза на Балканската олимпијада по информатика!

Млади информатичари од Македонија постигнаа значајно достигнување на 33. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана, освојувајќи два медали и две олимписки пофалби.

Сребрениот медал му беше доделен на Владимир Грчев од Кочани, додека Дамјан Давков од Штип освои бронза. Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица добија олимписки пофалби за своите достигнување.

Македонската екипа беше предводена од Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на ФИНКИ. Тимот беше составен преку националниот натпреварувачки процес организиран од Здружението на информатичарите на Македонија.

Дополнителен успех за Македонија е повторниот избор на професорот Миле Јованов, претседател на ЗИМ, за претседател на Балканската олимпијада за следниот тригодишен мандат.

На БОИ 2026, која се одржува од 14 до 20 септември во Тирана, учествуваат натпреварувачи од 13 земји и тимови од уште пет држави како гости.

Македонските ученици наскоро ќе се соочат со нов предизвик на Јуниорската балканска олимпијада по информатика, која ќе се одржи во Сараево од 22 до 28 септември.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Кина работи на робот за изнесување бебе – реалност или фантазија?

ЦЕЦА не се појави на поменот на Марина Туцаковиќ, БОКИ 13 остро реагираше: „Глумат пред новинарите, а каде се денес?“