Во градот Тургутлу, во турската провинција Маниса, се случи вознемирувачки инцидент утрово, кога вооружено лице отвори оган во близина на едно средно училиште.
Според прелиминарните информации, во инцидентот повредени се единаесет лица, вклучувајќи и ученици, непосредно пред почетокот на наставата.
На местото на настанот веднаш пристигнаа полициски и медицински тимови, а повредените беа пренесени во болница. Полицијата го обезбеди просторот околу училиштето.
Осомничениот за пукањето е идентификуван и приведен од полицијата, која започна истрага за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. За момент, не се познати дополнителни информации за мотивот, ниту за здравствената состојба на повредените.


