По ненадејната и трагична загуба на неговиот четиригодишен син Петар, македонскиот пејач Маријан Стојаноски сподели длабоки и потресни зборови на социјалните мрежи.
Во моментите на неизмерна болка, Стојаноски се обрати до јавноста, обелоденувајќи ја тежината на загубата што неговото семејство ја претрпува.
„Луѓе, помагајте ми, изгоре ми душата, многу ме пече. Каков е овој оган што ме гори…“, напиша пејачот, откривајќи ја својата болка.
Неговата објава предизвика големо внимание, со бројни пораки на поддршка од пријатели, колеги и граѓани, кои во овие тешки моменти му изразуваат сочувство нему и на неговото семејство.
Последното испраќање на малиот Петар е закажано за денеска во 13 часот на гробиштата во Крушево – Гумење.


