Кетлин Хенингс, Британка која живее неверојатни 105 години, има необичен совет за оние што посакуваат долг и среќен живот.
Кога ја запрашале за нејзината тајна за долговечност, таа едноставно одговорила: „Пијте пиво и не се мажете!“
Кетлин го прослави својот 105. роденден во домот за нега „Sandfields“ во Челтенхем, Англија. Таа е родена на 2 октомври 1919 година во Брикстон, Лондон, каде работела како сметководителка.
Во младоста, Кетлин уживала во танц и редовно посетувала опера и балет. По Втората светска војна, таа решила да го напушти Лондон и да се пресели во поумирена средина. Во 1965 година, таа се преселила во Котсволдс со својата мајка, братот Чарли и кучето Расти.
Кетлин открила дека пивото започнала да го пие уште во младоста, а тој пијалак останал неизоставен дел од нејзиниот живот. По повод нејзиниот 105. роденден, добила специјален подарок од брендот Guinness, кој вклучуваше чаши, чоколади, престилка и многу други подароци.
Сепак, нејзиниот совет е резултат на лична искуство и не е научно потврден. Медицинските експерти не го поддржуваат консумирањето алкохол како стратегија за продолжување на животот.
По 105 години, Кетлин има интересна приказна за раскажување.


