Инфлуенсерката Моника Станојкова во Белград ја промовираше својата нова книга, која е посветена на нејзината мајка, која почина пред десет месеци по тешка болест.
Книгата носи лична и емотивна приказна, со хуманитарна цел — средствата собрани од продажбата ќе бидат донирани за онколошки пациенти.
Моника сподели дека пишувањето било особено тешко, бидејќи започнала да работи на книгата додека нејзината мајка била уште жива, а продолжила по нејзината загуба. „Многу ми беше тешко, но сега сум горда што успеав да ја завршам“ — изјави таа.
Таа нагласи дека промоцијата е организирана со цел да помогне на луѓето оптоварени со слични болести, претворајќи ја нејзината лична болка во нешто конструктивно.
Книгата вклучува 25 поглавја, а едно од најзначајните е „Дали бев добра ќерка?“, прашање на кое Моника и денес си дава одговор.
Таа истакна дека ја напишала книгата сама, без помош од вештачка интелигенција и дека во создавањето на текстот потрошила шест до седум месеци. „Спремна сум да напишам она што истински го чувствувам, а не она што би создала вештачката интелигенција“ — додаде таа, објаснувајќи дека единствено помош добила во дизајнот на корицата.


