По успешно реализираните три концерти во Арена, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со голем настап во рамките на нејзината турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.
Иако првичниот настан беше најавен за арената „Јане Сандански“, поради неверојатниот интерес од публиката, концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.
Датумот, 28 ноември, останува ист, а посетителите со веќе купени билети нема да мора да се грижат, бидејќи тие важат и за новата локација.
Весна Змијанац има пет децении музичка кариера зад себе, исполнета со бројни хитови и музички настани кои со години се дел од културата. Овој концерт ќе биде дел од историската турнеја, прославувајќи 50 години на сцена.
Тие кои не успеале да обезбедат билет, можат да го направат тоа преку Kupikarta.com. Скопје на 28 ноември ќе биде сведок на навистина значаен музички спектакл, полн со познати мелодии и емоции.

