Истражувањето покажува дека кратките дремки во текот на денот можат да бидат значајни за здравјето на мозокот, повеќе отколку што се мисли.
Според новите наоди, редовните дневни дремки се поврзуваат со поголем волумен на мозокот, што може да придонесе за побавно стареење на овој орган.
Научниците утврдија дека разликите во волуменот на мозокот би можеле да соодветствуваат на дури 6,5 години помалку стареење. Кратките одмори можат да ја подобрат концентрацијата, да не освежат и да ни помогнат полесно да ги извршуваме дневните обврски. Но, важно е да се напомене дека дремките не се единственото решение за здравјето на мозокот.
Квалитетниот ноќен сон, редовната физичка активност и здравите навики во животот остануваат клучни за одржување на добра когнитивна функција.
Иако истражувањето сугерира можноа врска помеѓу дремките и побавното стареење на мозокот, тоа не значи дека краткото спиење директно го забавува стареењето. Понекогаш е доволно да си дозволиме мал одмор за да му направиме добро на организмот.

