Во текот на финансиската 2025 година, македонските корисници на платформата „OnlyFans“ потрошиле околу 1,6 милиони долари, што е околу 1,4 милиони евра.
Според информациите од аналитичкиот сервис „JuicySearch“, градовите со највисока потрошувачка се Скопје, Битола и Куманово, како што објавува „Блумберг Адриа“. Скопје се истакнува со највисока потрошувачка, со проценети 661 илјада долари потрошени за содржини на оваа платформа.
Истражувањето обухваќа период од декември 2024 до ноември 2025 година и покажува зголемен интерес за платените дигитални содржини во Македонија.
„OnlyFans“ работи на принцип на претплата, овозможувајќи на корисниците да платат за пристап до ексклузивни содржини од различни автори, а платформата е најпозната по возрасната содржина. Сепак, важно е да се истакне дека објавените податоци се проценки, а не официјални трансакции.

