in

Весна Змијанац на 28 ноември во арената “Борис Трајковски” по три распродадени концерти!

По три распродадени концерти и огромен интерес од страна на публиката, Весна Змијанац ќе одржи голем концерт во Скопје како дел од нејзината „Golden Tour – 50 години кариера“. Настанот првично беше најавен во арената „Јане Сандански“, но поради дополнителниот интерес, концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.

Датумот за концертот останува 28 ноември, а посетителите кои веќе имаат купено билети за првобитно најавената локација нема да мораат да се грижат, бидејќи купените билети важат и за новата локација.

Весна Змијанац има зад себе пет децениски музички успеси и многу хитови кои се дел од музичкиот репертоар на многу генерации. Концертот во Скопје ќе биде значаен настан во нејзината кариера по повод 50 години на сцената.

За оние што сè уште не обезбедиле билети, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември, Скопје ќе биде домаќин на вистински музички спектакл.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Поранешен фудбалер заврши во болница по напад од куче, доби преку 50 конци!

Промоција на книгата „Време е за спиење” од Драгана и Предраг Мандиќ на штандот на ТВ Ареница