Nina Taleska од танцовото студио BREAK A LEG постигна историски успех за македонскиот танц, освојувајќи второ место на Светското првенство во хип-хоп што се одржа во Келце, Полска.
Таа го освои сребрениот медал во категоријата Хип-хоп соло Мини кидс, што е најголем успех за Македонија во оваа конкуренција до сега.
Тренерот и кореограф Андријана Петковски изрази гордост за успехот на Нина, нагласувајќи дека тој е резултат на посветеност, дисциплина и напорна работа. Таа верува дека ова е само почеток на нејзините идни успеси.
На Светското првенство, кое се одржува од 17 до 24 октомври, учествуваат околу 4.000 танчери од 34 земји.
Тимот на BREAK A LEG продолжува со настапите во јуниорските и сениорските категории, со надеж за нови успеси на светската сцена.
Честитки за Нина, нејзините тренери и целиот тим!


