По три распродадени концерти и огромен интерес од страна на публиката, Весна Змијанац ќе одржи голем концерт во Скопје како дел од нејзината „Golden Tour – 50 години кариера“. Настанот првично беше најавен во арената „Јане Сандански“, но поради дополнителниот интерес, концертот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.
Датумот за концертот останува 28 ноември, а посетителите кои веќе имаат купено билети за првобитно најавената локација нема да мораат да се грижат, бидејќи купените билети важат и за новата локација.
Весна Змијанац има зад себе пет децениски музички успеси и многу хитови кои се дел од музичкиот репертоар на многу генерации. Концертот во Скопје ќе биде значаен настан во нејзината кариера по повод 50 години на сцената.
За оние што сè уште не обезбедиле билети, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември, Скопје ќе биде домаќин на вистински музички спектакл.


