in

Симболот на среќата: Како Харви Бол создаде насмеаното лице

Симболот кој денес го користиме во пораки, на социјални мрежи и маици, всушност започнал како идеја за подобрување на расположението на вработените во една америчка компанија. Во 1963 година, графичкиот дизајнер Харви Рос Бол требало да креира весел симбол за осигурителната компанија „State Mutual Life Assurance“ во Вустер, Масачусетс.

Тоа решение го пронашол за помалку од десет минути, создавајќи жолт круг со две очи и насмевка. За својот дизајн добил само 45 долари, а никој не можел да претпостави дека оваа илустрација ќе стане еден од најпрепознатливите симболи во популарната култура.

Компанијата нарачала само 100 беџови со овој симбол, но популарноста ја наметнала потребата за нови нарачки, поради што симболот започнал да добива широка употреба и надвор од компанијата.

Вистинскиот комерцијален успех следел во раните седумдесетти години, кога браќата Бернард и Мареј Спајн го искористиле мотивот на насмеаното лице и го поврзале со пораката „Have a Nice Day“. Смајлито почнало активно да се појавува на различни производи, а десетици милиони беџови биле продадени.

Бол, чииот дизајн не бил заштитен со авторски права, не добил дополнителни финансиски бенефити, но не се жалел за тоа. Во доцните осумдесетти, смајлито добило ново значење на британската рејв-сцена, станувајќи симбол на младинската контракултура.

По неговата смрт во 2001 година, Бол иницирал Светскиот ден на насмевката, кој се одбележува секој прв петок од октомври, поттикнувајќи луѓето да прават добри дела. Неговото име можеби не е толку познато, но неговиот симбол продолжува да буди среќа. Приказната за Харви Бол е пример за тоа како една мала идеја може да има огромно влијание.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Шокантна сцена во Колорадо – Цела куќа пловеше по надојдена река и се заби во мост!

Селма Блер ја открива својата емотивна страна по инцидентот во авионот