Во американската држава Колорадо, неверојатни и загрижувачки сцени доаѓаат од надојдените води на реката Сан Хуан, кои однеле цела куќа. Куќата се судрила со мост и се распаднала.
На инцидентот сведочеле многу жители, а моментот бил сниман и споделуван на социјалните мрежи. Овој настан се случил во понеделникот, 2 ноември, во близина на познатото туристичко место Пагоса Спрингс.
Поплавите предизвикале сериозна паника меѓу локалното население, со наредби за задолжителна евакуација на жителите од ниските области покрај реката. Многу патишта и мостови биле затворени поради опасноста и претрпените оштетувања.
Според информации од локалните медиуми, спасувачките тимови биле на терен да проверуваат за заглавени жители и да им помагаат на оние кои не успеале да ги напуштат загрозените подрачја.
Снимката од куќата која плови по реката е драматично сведоштво за разорните сили на природата.


