in

Лицето оставило 17-годишна девојка сама на Цугшпице при екстремни услови, полицијата покренала истрага!

Австриските власти започнаа истрага против 21-годишен Германец, откако неговата 17-годишна партнерка била оставена сама на Цугшпице, највисокиот врв во Германија, при многу ниски температури.

Според првичните податоци, двајцата заминале на планинарење од Ервалд околу 1:30 часот по полноќ со цел да стигнат до врвот висок 2.962 метри и да го дочекаат изгрејсонцето. Меѓутоа, временските услови брзо се влошиле.

Снегот бил длабок, достигнувајќи до колена на некои места, а температурата достигнала минус 12 степени. Откако стигнале на висина од околу 2.500 метри, сфатиле дека е премногу ризично да продолжат кон врвот.

Наместо да се вратат заедно, тие се разделиле, а младиот човек продолжил кон долината, оставајќи ја девојката сама на планината. Таа подоцна побарала помош.

Во потрагата и спасувањето учествувале седум планински спасувачи, а 17-годишната девојка била евакуирана со хеликоптер на полицијата. Поради изложеност на екстремен студ, таа развила хипотермија и била пренесена во болница во Гармиш-Партенкирхен, но потоа била пуштена по третманот.

Против 21-годишниот маж, австриската полиција води истрага поради сомнение за доведување на девојката во опасност. Според австриското законодавство, за такво дело се предвидува казна затвор до три месеци. Надлежните засега не објавуваат дополнителни информации за околностите на разделувањето, а по истрагата, случајот ќе биде предаден на обвинителството во Инсбрук за понатамошни постапки.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Историски успех за македонскиот автомобилизам, Марко Блажевски европски шампион!