in

Тешка автобуска несреќа во Хрватска, двајца загинати и многу повредени

Хрватска утринава беше потресена од сериозна сообраќајна несреќа, кога автобус со српски регистарски таблички излетал од автопатот А3 и се превртел. За жал, во овој трагичен инцидент загинале две лица, а многу патници биле повредени.

Несреќата се случила околу 7:25 часот, близу клучката Иванич-Град, на околу 61 километар од Загреб. Автобусот, за сега непознато зошто, ја напуштил коловозната лента, пробил заштитната ограда и се превртел на страната покрај патот.

Во autobusot се наоѓале 33 патници и двајца возачи. Според првичните информации, шест лица добиле тешки повреди, додека 27 патници имале полесни повреди.

По несреќата, на местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полиција. За спасување на повредените бил воведен и медицински хеликоптер, а повредените биле пренесени во пет различни болници во Загреб.

Во интервенцијата учествувале девет медицински тимови, а транспортот на повредените бил завршен за помалку од еден час.

Поради несреќата, сообраќајот на автопатот А3 во правец кон Загреб бил нарушен, со движење само по левата лента. Полициските служби извршуваат увид за да се утврдат причините за излетувањето и превртувањето на автобусот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени ја погоди Јапонија, десетици повредени и материјална штета!

Историски успех за македонскиот автомобилизам, Марко Блажевски европски шампион!