Во тешка железничка несреќа во областа Ал-Ајат, во египетската покраина Гиза, загинале најмалку четири лица, а 88 други се повредени.
Инцидентот се случил кога патнички воз на релацијата Гиза – Фајум удрил во друг воз кој сообраќал од Каиро кон Асуан. Од силниот удар неколку вагони излетале од шините, создавајќи хаос на местото на несреќата.
По несреќата итно беа ангажирани спасувачки екипи и многу амбулантни возила, а повредените беа извлечени од оштетените вагони и пренесени во блиските болници за медицинска помош.
Египетските власти започнаа истрага за да се утврдат причините за судирот. Претседателот Абдел Фатах ел-Сиси побарал одговорните институции да постапат согласно потребите и да се утврди дали имало пропусти кои довеле до трагедијата.
Железничкиот сообраќај во погодениот регион бил прекинат за време на интервенцијата и отстранувањето на оштетените вагони.


