in

Почина Дони Данаган, гласот на малиот Бамби, на 92 години

Дони Данаган, актерот кој со својот глас го оживеа малиот Бамби во еден од најпознатите анимирани филмови на Дизни, почина на 92-годишна возраст.

Тој беше дел од екипата на класичниот филм „Бамби“ од 1942 година, а почина на 4 ноември по борба со рак на белите дробови. Веста за неговата смрт беше соопштена неколку дена подоцна.

Данаган е роден во Сан Антонио, Тексас, во 1934 година. Уште како дете бил привлечен од сцената, а неговиот талент бил забележан на еден танцов натпревар, по што почнал да добива актерски улоги.

Улогата на малиот Бамби му донела место во филмската историја, но малкумина знаеле дека тоа бил и неговиот последен филмски ангажман. По актерската кариера, избрал сосема поинаков животен пат.

На 18 години му се приклучил на американскиот марински корпус, каде што служел 25 години. Во текот на воената служба учествувал во три мисии во Виетнам, извршувал повеќе одговорни должности и бил одликуван со Бронзена ѕвезда и со три Пурпурни срца. Во пензија заминал во 1977 година со чин мајор.

Со години не им кажувал на своите воени колеги дека како дете бил актер, бидејќи не сакал неговото име да се поврзува со Бамби. Подоцна повторно почнал да зборува за тоа искуство и да се навраќа на времето поминато во Дизни.

Во подоцнежните години учествувал на настани посветени на филмот, каде што се среќавал со обожавателите и раскажувал за својата необична животна приказна.

Зад себе ја остави сопругата Дана, со која беше во брак од 1992 година, како и споменот на ликот што со својот глас го направи незаборавен за многу генерации гледачи.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Шарлиз Терон откри детали од интимниот живот: имала авантура за една ноќ со 26-годишен маж