in

Судот изрече воспитно-поправни мерки за четирите малолетнички што нападнаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

Кривичниот суд им изрече воспитно-поправни мерки на четирите малолетнички осомничени за насилство врз 13-годишно девојче во скопската населба Ѓорче Петров.

Според информациите од судот, девојчето што се води како првообвинето ќе биде сместено во воспитно-поправен дом во траење од една година, а за останатите три малолетнички е определена мерка во траење од осум месеци.

Од судот наведуваат дека одлуката засега не е правосилна. Пресудата сè уште се подготвува во писмена форма и не им е доставена на странките во постапката.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста, откако беше откриено дека група малолетнички во два одделни наврати физички ја нападнале и малтретирале 13-годишната ученичка. Дополнителен револт предизвика и тоа што дел од присутните не се обиделе да го спречат насилството, туку нападите ги снимале со мобилни телефони.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

За четири дена почнува обврската за зимска опрема во возилата: еве што мора да имате во автомобилот

Франција остана без Чуамени за натпреварите со Италија и Турција