Француската фудбалска репрезентација ќе биде без Орелиен Чуамени на претстојните натпревари против Италија и Турција. Играчот на Реал Мадрид се повредил и нема да ѝ помогне на селекцијата во завршницата од групната фаза во Лигата на нации.
По пристигнувањето во Клерфонтен, Чуамени почувствувал болка во десниот адуктор. По дополнителните лекарски прегледи и процените на медицинските тимови на Франција и Реал Мадрид, било одлучено да го напушти репрезентативниот собир и да се врати во клубот, каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата.
Ова е удар и за францускиот селектор, кој останува без еден од клучните играчи во средниот ред. Чуамени и претходно имал проблеми со истиот мускул, па лекарскиот тим овојпат решил да не презема никаков ризик.
Франција ќе игра против Италија на 12 ноември, а на 15 ноември ќе ја пречека Турција. Чуамени нема да биде во составот за овие два натпревара, а засега не е планирано да биде повикан друг фудбалер на негово место.


