Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, повторно се огласи на социјалните мрежи по скандалот што настана откако се раширија невистинити информации дека бил уапсен.
Јутјуберот објави фотографија од населбата „Белград на вода“, каде што живее, и испрати кратка, но јасна порака до своите следбеници.
Претходно на Инстаграм се појави објава во која се тврдеше дека популарниот интернет-влијател бил приведен од маскирани лица.
Откако веста брзо се прошири во јавноста, се огласи Вишото јавно обвинителство во Белград, кое по извршените проверки соопшти дека станува збор за невистинити наводи.
Според нив, во разговор со полицијата Илиќ објаснил дека објавите биле дел од снимање видеозапис што планирал да го објави на својот Јутјуб-канал.
Сепак, обвинителството оцени дека со ширењето на лажните информации предизвикал вознемиреност кај јавноста, па против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за борба против високотехнолошки криминал во Белград за кривично дело предизвикување паника и неред.
По целата случка, Бака Прасе повторно привлече внимание со нова објава. Тој сподели фотографија од „Белград на вода“ и напиша: „Белград на вода, Бака на слобода“.
Воедно најави дека наскоро ќе ја открие „целата вистина“, со што уште повеќе ја разбуди љубопитноста кај своите следбеници.


