Македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, повторно привлече внимание со својот впечатлив моден избор. Овојпат сподели фотографија од езерото Комо во Италија, каде што ужива во есенската атмосфера.
На фотографијата, Јовановски позира во раскошна крзнена бунда во златнокафеава нијанса, која ја искомбинирал со бела капа, бели панталони и кафеави чевли. Изгледот го заокружил со голема темна чанта, а фотографијата ја придружил со кратка порака на италијански: „Un cappuccino, per favore“.
Познат по екстравагантниот стил, Златко и овојпат избра комбинација што не останува незабележана.


