in

Две лица загинаа, 17 се повредени при уривање на зграда во Њујорк

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени откако дел од трикатна станбена зграда се урнал во населбата Флетбуш во Бруклин, Њујорк.

Несреќата се случила во средата попладне, кога дел од објектот, изграден во 1930 година, ненадејно се урнал и паднал на соседната градежна парцела, каде што во тој момент се изведувале ископни работи.

Меѓу повредените има и седум деца, а четворица од нив се во критична состојба. Веднаш по уривањето била почната голема спасувачка акција, во која учествуваат повеќе од 250 пожарникари и припадници на итните служби.

Екипите со специјална механизација, беспилотни летала и кучиња трагачи ги пребаруваат урнатините во обид да пронајдат можни преживеани. Акцијата е отежната поради опасност од дополнително уривање на делови од зградата.

Сериозни оштетувања претрпела и соседната зграда, чија фасада е делумно уништена, а видливи се внатрешноста на становите и личните предмети на станарите.

Градските власти потврдија дека има жртви и ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до местото на несреќата додека трае интервенцијата.

Во меѓувреме е отворена истрага за да се утврди причината за уривањето. Меѓу околностите што се проверуваат е и тоа дали градежните активности и ископите во близина можеле да ја нарушат стабилноста на зградата.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Кајли Џенер повторно е тужена од поранешна вработена во домаќинството

17-годишниот Вилијам е пронајден жив по шест дена во австралиската дивина