Холивудската актерка Шарлиз Терон повторно го привлече вниманието со својот моден избор на 17-тото доделување на наградите „Governors Awards“, одржано на 15 ноември во Холивуд.
Таа се појави во впечатлива црвена креација од модната куќа „Том Форд“, изработена под креативно водство на Хајдер Акерман. Станува збор за модел од пролетната колекција за 2027 година, кој веќе бил забележан на модните писти, а на црвениот тепих доби своја холивудска верзија.
Најмногу внимание привлече необичниот изглед на фустанот: долг црвен модел со длабоко деколте, отворен грб и впечатлив кожен градник во истата боја, кој се гледаше под креацијата. Терон го заокружи изгледот со дијамантски обетки, прстени и црни салонки со шилест врв.
И шминката не помина незабележано. Актерката избра црвен кармин што одлично се вклопи со целата комбинација, а косата ја собра во елегантна пунџа. Сепак, модниот избор не ги воодушеви сите. На социјалните мрежи се појавија поделени реакции — некои ја пофалија смелата боја и необичниот крој, додека други оценија дека фустанот, особено во делот на грбот, не е најуспешно решение.
Наградите „Governors Awards“ ги организира Американската филмска академија, а годинашното издание собра бројни познати имиња од филмската индустрија.


