in

Корабоски доби 30 дена притвор поради напад врз девојка во Охрид

Кристијан Корабоски, кој е осомничен за брутален напад врз 26-годишната Сара од Охрид, ќе помине 30 дена во притвор. Од Основното јавно обвинителство соопштија дека барањето за притвор следувало откако во истрагата биле обезбедени дополнителни докази, поради што обвинението е проширено од едно на три кривични дела.

Според обвинителството, новите сознанија укажале на ризик од повторување на насилството, па било оценето дека досегашните мерки не се доволни за заштита на оштетената. Оттаму додаваат дека обвинетиот бил соодветно обезбеден во текот на целата постапка.

На 16 ноември, Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе обвинение против Корабоски за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Во обвинението се наведува дека, во рамките на семејното насилство, тој против волјата на партнерката ја ограничил нејзината слобода, физички ја нападнал, ѝ нанел повреди и ја загрозил нејзината безбедност.

Во рамките на истражната постапка, Сара дала исказ пред надлежните во присуство на претставници на социјалните служби. Било извршено и медицинско вештачење за да се утврдат видот и тежината на повредите.

Инцидентот се случил на 15 ноември, околу 2 часот по полноќ. Според полициските информации, расправијата меѓу 31-годишниот Корабоски и неговата 26-годишна партнерка почнала во нивниот дом, а потоа продолжила и во автомобилот. Таму тој физички ја нападнал, а насилството продолжило и откако го запрел возилото. Од ударите, девојката изгубила свест и паднала на земја.

Повредената најпрво била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа на лекување во Специјалната болница „Св. Еразмо“. Корабоски бил приведен од полицијата во 5:05 часот истото утро.

Претходно, наместо притвор, на обвинетиот му биле изречени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана да ѝ се приближува на оштетената на помалку од 50 метри, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавува во судот секој втор понеделник.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Маскирани провалници украле три автомобили од домот на Крис Хемсворт во Австралија

Се урна воен авион во Србија, загина пилот