in

Пронајдено е телото на шестгодишното дете што падна во Рибница во Подгорица

По дводневна потрага, трагично заврши потрагата по шестгодишното дете што во петокот, на 20 ноември, падна во реката Рибница во Подгорица. Надлежните служби во Црна Гора потврдија дека телото на детето е пронајдено.

Веста ја потврди Марко Радуловиќ од подгоричката Служба за заштита и спасување, кој за Радио-телевизија на Црна Гора изјави дека детето било пронајдено по голема акција во која учествувале спасувачки екипи и нуркачи.

Според црногорските медиуми, телото прво било забележано од граѓани во текот на ноќта, по што веднаш била известена полицијата. Поради непристапниот терен, на местото пристигнале припадници на Службата за заштита и спасување и го извлекле телото.

Потрагата почнала веднаш по пријавата за исчезнувањето, која била примена во петокот во 14:08 часот. Екипите го пребарувале коритото на Рибница, од населбата Коник до Скалине, сè до местото каде што реката се влева во Морача.

Во акцијата биле вклучени припадници на Службата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, граѓани и нуркачи од Регионалниот центар Бијела, кои се приклучиле во саботата.

Засега не се соопштени детали за околностите под кои детето паднало во реката. Надлежните служби продолжуваат со постапката за целосно расветлување на случајот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Специјалците на Армијата спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија

Двајца малолетници во Италија украле автобус, поминале осум километри и завршиле во канал