Припадници на специјалните сили на Армијата спасиле тешко повреден алпинист при несреќа што се случила кај Демир Капија.
Инцидентот се случил за време на напредна обука за планински операции, кога тие добиле пријава дека на стрмен и тешко достапен терен има повредено лице на кое му била потребна итна помош.
Веднаш била организирана интервенција. На алпинистот најпрвин му била укажана прва медицинска помош, а потоа, со специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, припадниците на Армијата успеале безбедно да го извлечат од непристапниот терен и да го пренесат преку реката.
По завршувањето на акцијата, повредениот бил предаден на екипата на Итната медицинска помош, која ја презела понатамошната здравствена грижа.
Со оваа акција, специјалните сили уште еднаш ја потврдиле својата подготвеност, стручност и брза реакција во сложени ситуации на тешко достапен планински терен.


