Една од најголемите балкански музички ѕвезди, Весна Змијанац, вечерва, на 28 ноември, ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“, каде што македонската публика ќе може да ужива во нејзините безвременски хитови.
Настапот е дел од нејзината голема турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“, со која одбележува половина век на музичката сцена. Зад неа се пет децении успешна работа, бројни хитови и песни што оставиле силен белег во регионот и кои и денес ги пеат сите генерации.
Големиот интерес за концертот доведе и до промена на локацијата: настапот е преместен од арената „Јане Сандански“ во поголемиот простор на арената „Борис Трајковски“ поради зголемената побарувачка и интересот на публиката.
Вечерва присутните ќе можат во живо да ги слушнат песните што ја одбележаа нејзината кариера, а се очекува да не недостигаат ниту емоции, ниту убава атмосфера, ниту музика што ги поврзува сите генерации. Билетите и денес се достапни преку платформата Kupikarta.com, како и во билетарницата во арената „Борис Трајковски“.
Скопје е подготвено за вистински музички спектакл, а Весна Змијанац по подолг период повторно е подготвена да ја воодушеви македонската публика.


