Жена од Гостивар е во критична здравствена состојба откако, како што се наведува, два дена трпела физичко насилство од својот сопруг.
По приемот во Ургентниот центар, таа била префрлена на интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Според болнички извори, жената има четири скршени ребра, повреди на главата и повеќе гребаници по телото. Иако засега дише самостојно, лекарите ја оценуваат нејзината состојба како животозагрозувачка и продолжуваат со редовни контроли и следење.
Нејзиниот сопруг, кој е осомничен за насилството, е сместен во психијатриската болница во Бардовци.


