in

Зимата пристигнува: денеска дожд, силен ветер и снег на планините

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а со продорот на постуден воздух од север попладне се очекува дополнително заладување. Поради тоа, на дел од повисоките места дождот може да премине во снег.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, локално во рок од 24 часа се можни и над 30 литри дожд на квадратен метар.

Ќе дува умерен северен ветер, кој на некои места, особено во североисточните делови од земјата и долж Повардарието, повремено ќе засилува и ќе достигнува силен интензитет.

Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта постои можност дождот да премине во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе се засилува.

Покрај денешното заладување, нè очекува и уште постуден период. Во недела, на 29 ноември, се прогнозира значително опаѓање на температурите, со повремени локални врнежи претежно од снег, додека во пониските места долж Повардарието ќе има мешавина од дожд и снег.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Дали бојата на косата е поврзана со психичката состојба?

Жена од Гостивар е во критична состојба по дводневно насилство од сопругот