in

АКО САКАТЕ КИСЕЛА ВОДА, МОРА ДА ЗНАЕТЕ ШТО ТОЧНО ПРАВИ НА ВАШЕТО ТЕЛО: Ќе останете без зборови кога ќе слушнете

Киселата вода е една од оние намирници околу која кружат разни гласини. Додека едни се колнат дека делува неверојатно добро на варењето, го решава проблемот со мачнините, мамурлакот и слично, други ја избегнуваат, сметајќи дека гасот е лош за нивното грло.

Со цел да се стави крај на сомнежите за киселата вода, американскиот сајт Healthline, кој главно се занимава со здравјето на луѓето, ги објави резултатите од студијата која ги отфрла сите сомнежи и заблуди за омилениот пијалок и освежување на многумина.

Според оваа студија, нема индикации дека киселата вода на кој било начин е штетна за здравјето на луѓето. Човечкото тело одржува алкална стабилност, а бубрезите и белите дробови ќе го исфрлат вишокот јаглерод диоксид од телото.

За разлика од другите газирани пијалоци, киселата вода не содржи штетни материи, како што е шеќерот, па затоа нема негативно влијание врз забната глеѓ. Покрај тоа, се покажа дека сите оние кои го препорачуваат како сојузник на ненарушено варење се во право, бидејќи навистина има позитивни ефекти врз дигестивниот систем.

Резултатите од некои ограничени истражувања, чии резултати се’ уште не се целосно потврдени, покажаа дека постои можност киселата вода да ги намалува проблемите со запек и да ја подобри работата на срцето, бидејќи го намалува нивото на лошиот холестерол и шеќерот во крвта.

Затоа, киселата вода главно позитивно влијае на човечкото тело. Сепак, бидете внимателни ако имате висок крвен притисок, во тој случај консултирајте се со вашиот лекар.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

СТАВЕТЕ 1 СОСТОЈКА ВО СУПИТЕ СО КНЕДЛИ: Само така нема да се распаднат

СЕКСОЛОГИЈАТА ОТКРИВА ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ВАШЕТО ТЕЛО АКО ИМАТЕ ИНТИМНИ ОДНОСИ НАУТРО: Сите останаа шокирани