in

Античките Маи се труеле со жива низ вековите

Токсични нивоа на загадување со жива, најчесто поврзани со модерната индустрија, неочекувано беа откриени на вековните археолошки локалитети каде некогаш почивала културата на Маите, што може да биде една од причините што влијаела на нивното исчезнување.

Долго пред доаѓањето на конквистадорите, кои донесоа војна и болести во Новиот свет, културата на Маите ги загади нејзините урбани центри со големи количини жива.

Дури и денес, присуството на елементот е толку големо што истражувачите мора да носат заштитна опрема за да го зачуваат своето здравје.

„Загадувањето со такви количества жива обично се поврзува со современите урбани центри и индустриски области“, вели Данкан Кук, геоархеолог од Австралискиот католички универзитет и водач на студијата што го проучува еколошкото наследство на Маите, пренесуваат медиумите.

Заедно со тим истражувачи од Америка и Британија, Кук анализирал бази на податоци и податоци собрани од 10 локации кои датираат од периодот на класичните Маи.

Споредбите и анализите на почвата покажаа дека на седум од 10 локалитети, концентрацијата на жива била еднаква или над модерните горни граници на токсичното ниво.

„Откривањето на жива длабоко во почвата и седиментите на античките градови на Маите би било тешко да се објасни додека не се земаат предвид претходните археолошки откритија во регионот кои покажуваат дека Маите користеле жива пред неколку векови“, истакнува Кук.

Во својата чиста форма, живата е сјајно сив метал кој се топи на ниски температури и се претвора во густа течност, која во текот на историјата била наречена брзо сребро. Сепак, низ историјата, соединенијата што содржат жива биле широко користени во индустријата и културата. Меѓу попопуларните е живата (II) нитрат, супстанца што се користи за зацврстување на крзното за капи, што ги отруло нервните системи на занаетчиите што ги правеле.

Можеби најпопуларната форма на жива што се користела низ историјата е жива сулфид, минерал познат како цинобер, кој се користел како пигмент за да се добие светло црвена боја за боење облека и садови.

За народот опседнат со крв, како Маите, циноберот претставуваше многу повеќе од светла нијанса на црвено.

„За Маите, предметите се силата на душата. Затоа, силниот црвен пигмент на цинобер беше незаменлива и света супстанција, и покрај тоа што беше многу смртоносна и токсична, а неговото присуство во почвата и седиментите на античките места на Маите продолжува“, вели геоархеологот Миколас Данинг од Универзитетот во Синсинати.


Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ОВАА БИЛКА ПОМАГА Ако се мачите да се откажете од цигарите

Назад во минатото: Цитроен го претстави новото лого